Свет 07. ноември 2019. / 09:32

Најмалку 37 загинати во напад врз рудари за злато на канадска компанија во Буркина Фасо

Најмалку 37 загинати во напад врз рудари за злато на канадска компанија во Буркина Фасо

Најмалку 37 луѓе загинале, а над 60 се ранети во напад врз автобуси што превезувале рудари од рудник на злато во Буркина Фасо.

Петте автобуси на канадската компанија „Семафо“ биле нападнати од заседа на околу 40 км од источниот град Бонгу. Конвојот бил погоден од експлозивна направа по што било пукано од напаѓачи.

Делови од Буркина Фасо во изминатите години се зафатени од исламско екстремистичко насилство.

Автобусите имале и воена придружба поради тоа што канадската компанија ја засили безбедноста по минатогодишните вооружени инциденти во близина на два од рудниците во таа држава.