Свет 06. ноември 2019. / 09:49

Најмалку 15 загинати во напад на муслимански сепаратисти во Тајланд

Најмалку 15 загинати во напад на муслимански сепаратисти во Тајланд

Најмалку 15 луѓе загинале во напад на муслимански сепаратисти во јужниот дел на Тајланд.

– Нападот беше извршен синоќа во провинцијата Јала, врз два контролни пункта, изјави портпаролот на тајландската армија.

Тоа е еден од најсмртоносните напади од почетокот на 15-годишниот конфликт на мнозинскиот муслимански југ во државата во кој претежни живеат будисти.

Најмалку 7.000 луѓе загинаа во конфликтот. Нападите се ретки уште од 2014 година, кога војската воведе полициски час и редовни патроли.