Свет 10. мај 2018. / 20:29

Масакар во џамија: Напаѓачи заклаа верници (ВИДЕО)

Масакар во џамија: Напаѓачи заклаа верници (ВИДЕО)

Најмалку едно лице е убиено во џамија, недалеку од јужноафриканскиот град Дурбан, а две лица се во критична состојба, кога непознати напаѓачи со нож им ги пресекле вратовите.

Нападот на верниците за време на молитвата, го изведоа тројца напаѓачи, наоружени со пиштоли и ножеви, а по нападот побегнале.

-Еден од тројцата ранети почина на пат кон болницата. Други двајца се во критична состојба, пишуваат светските медиуми.

Мотивот за нападот засега е непознат. Агенцијата АП наведе дека напаѓачите пред да заминат, ја запалиле џамијата.

Јужноафриканската држава не беше мета на екстремистички напади како останатите држави на тој континент.

Ве предупредуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина.