Лав нападнал вработена во зоолошка градина во северозападна Германија додека го чистела кафезот, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека дваесет и петгодишна работничка во зоолошката градина во градот Оснабрик е полесно повредена, но дека е хоспитализирана.
Инцидентот се случил нешто пред 12:00 часови, а деталите засега не се познати. Менаџментот на зоолошката градина не беше достапен да коментира за инцидентот. Зоолошката градина претходно беше затворена за јавноста како дел од мерките воведени поради епидемијата на вирусот корона.