Свет 01. јануари 2019. / 10:23

Крвава новогодишна ноќ: Маж со автомобил влета во луѓе

Крвава новогодишна ноќ: Маж со автомобил влета во луѓе

Најмалку осум луѓе се повредени кога засега неидентификуван млад човек со автомобил влетал меѓу пешаци на улица, каде се собирале за дочекот на Новата година во Токио.

Напаѓачот е уапсен под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со неговото возило, пренесе АП.

На видео-снимката што ја објави локалната телевизија, се гледа мало возило чиј преден дел е смачкан, како и полицајци и возило на брза помош кои се наоѓаат на лице место.

Инцидентот се случил во делот на градот познат по туристи и обожаватели на модата и поп културата кои се собираат на тоа место.