Свет 12. мај 2020. / 15:10

Крвав ден во Авганистан: Повеќе од 40 жртви во напади врз гинеколошка болница и погребна поворка

Крвав ден во Авганистан: Повеќе од 40 жртви во напади врз гинеколошка болница и погребна поворка

Во терористички напад врз гинеколошка болница во главниот град на Авагинстан, Кабул, имало најмалку четири жртви, меѓу кои и новородено бебе.

Авганистанските безбедносни сили убиле тројца напаѓачи и евакуирале повеќе од 80 жени и бебиња од болницата.

Како што соопштија владини претставници, нападот врз болницата го извршиле најмалку тројца терористи, облечени во полициски униформи, кои употребувале бомби и огнено оружје.

Претходно денеска, бомбаш-самоубиец влегол во погребна поворка во источен Авганистан и активирал експлозив. Според првичните информации, во овој напад загинале или се повредени околу 40 луѓе.