Крокодил нападнал и усмртил протестантски свештеник додека крштевал луѓе, во близина на езеро во јужна Етиопија.
Нападот се случил во неделата, додека свештеникот Дошо Ешет изведувал церемонија на крштевање на околу 80 луѓе од градот Арба Минч, пренесува ББС.
Жителите и полицијата рекле дека крокодилот скокнал од водата за време на церемонијата и го нападнал свештеникот. Поради тешките повреди на грбот, раката и ногата, тој починал.
-Го крстил првото лице и премина да го крштева второто. Изненадно, крокодилот скокнал од езерото и го зграби свештеникот, изјавиле очевидците за ББС.
Мештаните со рибарски мрежи го спречиле крокодилот да го однесе телото на свештеникот.
Полицијата соопштила дека крокодилот побегнал.