Свет 16. мај 2020. / 20:26

Корона протест во Лондон, меѓу уапсените и братот на Џереми Корбин екс лидерот на лабористите

Корона протест во Лондон, меѓу уапсените и братот на Џереми Корбин екс лидерот на лабористите

Неколку стоитина луѓе денеска протестираа во лондонски Хајд парк против вонредните мерки на британската Влада.

Скотланд јард соопшти дека се уапсени шест лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Во последните 24 часа во Велика Британија од последици од новиот коронавирус починаа 468 лица, а регистрирани се 3.450 новозаразени лица, со што вкупниот број се искачи на 240.161. додека од почетокот на епидемијата починаа 34.466 луѓе.

Велика Британија по бројот на инфицирани лица е на четврто место во светот.