Свет 01. јуни 2018. / 13:18

Кој нема да се евакуира, го апсат: Најлоша фаза од вулканот во Хаваи (ВИДЕО)

Кој нема да се евакуира, го апсат: Најлоша фаза од вулканот во Хаваи (ВИДЕО)

Вулканот на Хаваите Килауеа влезе во четвртата, досега најлоша недела на ерупции. Наредени се нови итни евакуации. Крај на ерупциите нема на повидок, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Големиот Остров Хери Ким им соопшти на граѓаните дека имаат 24 часа да се евакуираат од во моментов погодените области, кон кои блика лавата што вчера за кратко време покри површина од шест фудбалски терени. Доколку не ги напуштат домовите, им рече Ким, ќе бидат уапсени.

Новата зона на евакуацијата е проширена верзија на зоната што беше воведена штом вулканот почна да еруптира. Досега од загрозеното подрачје од нивните домови се преместени околу 2.000 луѓе.

Ерупциите почнаа на 3 мај, а од ден на ден Килуаеа стануваше сè поопасен. Во последната седмица на ерупцијата тој исфрлаше огромни топки вжарен камен, густ чад и пепел, кои го наполнија воздухот со отровни честички, опасни за белите дробови и за очите.

Експертите, кои внимателно ја следат работата на вулканот, од почетокот предупредуваа дека Килуаеа ќе дојде во експлозивна фаза, што и се случи.

Лавата досега направи огромна материјална штета, но жртви, за среќа, нема.