„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.
– Борците на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз – се наведува во соопштението на џихадистичката група.
Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.
Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.
– Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.