Напаѓачот кој во Мелбурн до смрт избоде едно лица а три други повредени починал во болница откако беше застрелан од поицијата, соопштија австралиските власти. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде Исламската држава.
Од видеата и фотографиите објавени по социјалните мрежи од очевидци и случајни минувачи, може да се види возило во пламен и човек кој со нож замавнува кон полицајците.
Тогаш тој извадил нож и се обидел со ножот да ги нападне полицајците. Еден од полицајците тогаш пукал од своето оружје и го застрелал напаѓачот еднаш, во градите.“
Според полицијата, напаѓачот имал сомалиско потекло и веќе им бил познат на безбедносните служби.
Тој и е познат на полицијата поради роднини кои се лица од интерес за нас и е некој што е познат и на полицијата во Викторија и на федералните разузнавачки власти.“
Властите соопштија дека во возилото имало боци со гас кои биле запалени од страна на напаѓачот. Комесарот на полицијата изјави дека тие биле повикани поради возило што горело во центарот на градот, а по пристигнувањето на местото биле нападнати од возачот на автомобилот.