Свет 08. август 2018. / 15:06

Исцелител од Индонезија 15 години чувал девојче во пештера, го чека казна затвор до 15 години (ВИДЕО)

Исцелител од Индонезија 15 години чувал девојче во пештера, го чека казна затвор до 15 години (ВИДЕО)

83-годишен исцелител од Индонезија е осомничен дека пред 15 години киднапирал тогаш 13-годишно девојче уверувајќи го дека е опседнато од духови, пренесува Би-би-си.

Оттогаш, тој ја сместил во пештера во која поминала 15 години, ја силувал, но ѝ покажувал и фотографии од духот, од кој тој тврдел дека девојчето било „опседнато“.

Во текот на ноќта тој често ја носел во својот дом, но во текот на денот таа морала да седи во пештерата.

„На жртвата ѝ беше буквално ‘испран мозокот’ затоа што таа се плашеше да избега, па дури и со други луѓе, бидејќи таа го гледаше нејзиниот дух”, вели еден од жителите.

Локалните медиуми пишуваат дека тој бил познат како исцелител кој изведувал црна магија.

Според полицијата, девојката била однесена кај исцелителот од страна на нејзиното семејство со цел да ѝ помогне, но по неколку месеци исчезнала.

Откако девојката исчезнала, нејзиното семејство ја барало, но тој велел дека девојката заминала во Џакарта за да најде работа таму.

Семејството безуспешно ја барало неколку години. На крајот, тие го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.

Во неделата полицијата по дојава дошла во селото, и ја пронашла девојката во мала пештера.

Фотографиите објавени од страна на полицијата покажуваат дека во пештерата, која била во близина на неговиот дом, имало кревет и основни средства за живот.

Исцелителот е обвинет за серија кривични дела, и според законите за сексуална злоупотреба и злоупотреба на деца, ако биде осуден, го чека до 15 години затвор, објави Би-би-си.