Свет 08. јануари 2020. / 10:38

Иран предупредува: Ќе ги бомбардираме Израел и Дубаи, ако САД одговорат на ракетниот напад

Иран предупредува: Ќе ги бомбардираме Израел и Дубаи, ако САД одговорат на ракетниот напад

Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД преземат мерки за одмазда за ирански ракетен напад врз две американски воени бази во Ирак.

– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија, дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана – соопшти Иранската национална гарда.

Иранската гарда исто така се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меил“.