Најмалку 70 јеменски војници загинаа во ракетен напад на бунтовниците Хути на џамија во централната провинција Мариб, пишува Гардијан.
Хутите за време на вечерната молитва ја нападнале џамијата во воениот камп Марибу, околу 170 километри источно од Сана, изјавиле воени извори за агенцијата Франс прес.
Претседателот на Јемен, Абердрабо Мансур Хади го осуди овој „кукавички и терористички напад“, пренесува агенцијата Саба.