Свет

Хани Мулки, премиерот на Јордан поднесе оставка

Хани Мулки, премиерот на Јордан поднесе оставка

Премиерот на Јордан, Хани Мулки, денеска поднесе оставка по состанокот со кралот Абдула, објави официјален извор за „Ројтерс”.

Како што се наведува, Мулки оставката ја поднел поради економската политика што ги предизвика најмасовните протести во Јордан во последните неколку години. Во меѓувреме, јорданската полиција соопшти дека безбедносните сили уапсиле 60 лица за кршење на законот, во рамки на протестите поради зголемување на даноците.

Претходно, кралот Абдула побара оставка на Мулки.