Гувернерот на Њујорк , Ендрју Куомо повика на легализација на марихуаната за рекреативни цели.
Тој се придружи на движењето за легализација , кое се шири низ САД и остатокот од светот. ,,Легализацијата на марихуаната за рекреативни цели еднаш засекогаш.” , побара гувернерот , кој во ноември по втор пат беше избран во државата Њујорк , која има 20 милиони жители.
Легализацијата е една од неговите главни цели за 2019. Доколку се легализира марихуаната во државата Њујорк , каде припаѓа и истоимениот град со 8,5 милиони жители , тоа ќе биде голем поттик за да се легализира марихуаната и во другите влијателни држави во САД по примерот на соседната Канада , каде легализацијата почна од октомври.