Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска бил нападнат со нож и притоа бил прободен во вратот, но е надвор животна опасност, а неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот. Де Фов веднаш бил опериран и се опоравува.
Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, се додава во соопштението.
Според првичните извештаи, градоначалникот, кој исто така е адвокат, бил нападнат од поранешен клиент кого некогаш го бранел на суд.
Локалните медиуми јавуваат дека градоначалникот во моментот на нападот бил со својот возач, кој веднаш го префрлил во болницата, каде му била санирана раната. Бриж е туристички град со 120 000 жители.