Свет 17. август 2018. / 10:35

Германија: Ултрадесничарите протестираат – ,,Меркел мора да замине” (ВИДЕО)

Германија: Ултрадесничарите протестираат – ,,Меркел мора да замине” (ВИДЕО)

Стотина ултрадесничари се собраа на протест во германската покраина Саксонија, барајќи од канцеларката, Ангела Меркел да поднесе оставка.

Протестите ги организираше антиисламистичкото движење „Пегида“ за да изрази незадоволство од работата на Меркел и нејзината одлука од 2015 година да прими милион бегалци во земјата, пренесе „Ројтерс“.

Демонстрантите извикуваа „Меркел мора да замине“ и „губи се“.

Во близина имаше и контрапротести, но и двата поминаа без конфликти и инциденти.