Свет 27. август 2018. / 22:47

Германија: Полицијата ги раздвојува левичарите и десничарите (ВИДЕО)

Германија: Полицијата ги раздвојува левичарите и десничарите (ВИДЕО)

Стотина полицајци ги раздвојуваат демонстрантите од германската десница и левицата , кои протестираат за и против мигрантите и доселениците.

Во источно германкиот град Кемниц не престануваат протестите . Откако полицијата ги растера ултрадесничарите ,кои претепуваа секого кој не личи на Германец , вечерва на протест излегоа и припадниците на левичарските партии.

Околу 1 000 левичарски демонстранти извикуваа ,,Надвор нацисти !” и ,,Немате право на нацистичка пропаганда”. Од друга страна , ултрадесничарите на неколку пати се обидоа да ги пробијат полиџиските кордони и да влезат во судир со хулиганите , кои ги претепуваа мигрантите низ градот

Немирите во Кемниц доаѓаат откако се затворени Ирачанец и Сириец за главни осомничени по убиството на 35 годише маж , кој вчера бил претепан до смрт на прославата на Денот на градот.