Свет 01. август 2018. / 10:27

Финска: Во авион протестирала активистка против одлуката за депортација на бегалец

Финска: Во авион протестирала активистка против одлуката за депортација на бегалец

Активистката Аино Пенанен во Хелсинки, Финска, се обиде со протест во авион да спречи депортација на бегалец, пренесува Anadolu Agency (AA).

Финската државна телевизија „YLE“ јави дека во вторник дошло до доцнење на авионот на компанијата „Финер“, кој требало да полета од аеродромот „Вантаа“ во Хелсинки кон Берлин.

Причина за тоа е протест на Пенанен која е активистката и член на Партијата на зелените. Пенанен на социјалната мрежа Фејсбук во живо го пренесуваше протестот и повика на повлекување на одлуката за депортација на бегалецот.

Истакна дека не планирала протест и дека за одлуката за депортација дознала случајно. Додаде дека не знае во која земја ќе биде депортиран бегалецот.

Гласноговорничката на „Финер“, Мари Канерва, потврди дека дошло до протест, и дека активистката од авионот е оддалечена со придружба на полицијата, а авионот по 10 минути доцнење полетал со бегалецот.

„YLE“ јавува дека протестот на финската активистка Пенанен е сличен на минатонеделниот протест на шведската студентка Елин Ерсон. Бегалецот и Ерсон тогаш се извадени од авионот.

Се наведува дека финските патници не ѝ дале поддршка на Пенанен, што довело до неуспех на протестот.