Американски ловец од петта генерација со вертикално полетување и слетување Ф-35Б Лајтнинг 2 првпат изврши воздушен напад, а целта биле позиции на милитантите во Авганистан.
Ова го јави Си-Ен-Ен додавајќи дека ловците претходно учестувале во извидувачки мисии во Сомалија, а потоа биле испратени од Аденскиот залив во северниот дел на Арапското море.
Телевизијата наведува дека мисијата во Авганистан би можела да биде прво „огнено крштевање“ на Ф-35.
На овој начин маринците ќе станат прв род на американската армија кој користел нови ловци за воздушни напади.
Ф-35 е повеќенаменски борбен авион со еден мотор од петта генерација, со намалена видливост. Наменет е за превласт во воздушниот простор, борба против цели на земја и во море, како и за извршување на извидувачки задачи.