Свет 24. октомври 2019. / 10:47

Европратениците ќе гласаат за воведување економски санкции кон Турција

Европратениците ќе гласаат за воведување економски санкции кон Турција

Европратениците ја осудија турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија, а денеска ќе се изјаснат за нацрт-резолуцијата, со која се предвидуваат соодветни и целни економски мерки против Турција. Анкара бара формирање на безбедносна зона од 440 километри долж границата со Сирија.

Нацрт-резолуцијата, која има поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент, содржи осуда на турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија и е основа за нови финансиски санкции кон Анкара

Во текстот се бара суспензија на царинската унија на ЕУ и Турција. Таквата мерка би влијаела на трговската размена во вредност од 200 милијарди евра помеѓу земјите-членки на ЕУ и Турција. Во нацрт-резолуцијата се обара воведување на санкции за турски претставници, одговорни за наводно кршење на човековите права за време на турската офанзива во северна Сирија.

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври се договорија за поделба на контролата над североисточна Сирија. Во согласност со договорот, Турција ќе ја задржи областа што ја освои со инвазија, додека руските и сириските сили ќе го контролираат преостанатиот дел долж сириско-турската граница. Договорот предвидува и курдските борци во рок од 150 часа (почнувајќи од вчера на пладне) да се повлечат од зоната во североисточна Сирија.

Европската Влада протестираше поради турската офанзива во Сирија, но има поделени мислења како да се одговори на тоа. Додека европратениците не се прашуваат директно за надворешнополитичките одлуки на ЕУ, но имаат можност да ги намалат финансиските средства од Унијата за Турција.