Свет 11. ноември 2019. / 22:22

Европа со јасна порака: Иран да се придржува до нуклеарниот договор

Европа со јасна порака: Иран да се придржува до нуклеарниот договор

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, Франција, Германија и Велика Британија го повикаа Иран да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година.

Иран во 2015 година договорот го склучил со големите сили, со предупредување дека во спротивно ќе се соочи со нови санкции.

Трите земји и Федерика Могерини изразиле загрижување заради последните одлуки на Иран повторно да започне со збогатување на ураниум, истакнувајќи дека тој потег не е во склад со договорот од 2015,пренесува „Ројтерс“.

Ја истакнуваме нашата подготвеност да ги разгледаме сите механизми за Нуклеарниот договор, вклучувајќи го и спорниот механизам за резолуција, за да ги решиме сите прашања поврзани со спроведување на договорот во склад со обврските на Иран – се наведува во заедничкото соопштение на Могерини, Франција, Германија и Британија.