Свет 01. јуни 2018. / 19:56

Ерупција на вулкан во Индонезија – аеродромите затворени (ФОТО)

Ерупција на вулкан во Индонезија – аеродромите затворени (ФОТО)

Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава денеска еруптираше двапати, исфрлајќи пепел и чад кој се издигна на височина до шести километри.

Поради ерупцијата затворени се два аеродроми во околината на вулканот, а Националната агенција за природни непогоди објави состојба на опасност од вулканска ерупција во реонот од три километри околу кратерот на Марапи.

Првата ерупција се случила во 8:20 часот по локално време (2:20 часот по средноевропско време) и траела две минути, а втората во вечерните часови.

Вулканот Марапи се наоѓа на 30-тина километри од градот Јоџакарта, а во радиус од 10 километри од неговиот кратер живеат околу четири милиони жители.

При последната ерупција на Марапи во 2010 година, загинаа 347 лица.