Свет 04. мај 2018. / 10:24

Ерупција на вулкан на Хаваите, евакуирани 10.000 жители

Ерупција на вулкан на Хаваите, евакуирани 10.000 жители

Најмалку 10.000 луѓе се евакуирани откако вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше, јавуваат американските извори

Геолозите на почетокот на неделата забележаа повеќе од 250 земјотреси за само 24 часа, предизвикани од уривањето на кратерот во источниот дел на вулканот.

Властите кон средината на неделата наредија евакуација, заради закана од ерупција на вулканот. Предупредија и на можни потенцијално смртни концентрации на сумпур диоксид.

На терен се испратени воени сили.