На стадион за време на крикет меч во Џалалабад, дојде до трострука експлозија, по која загинаа осум лица, додека 45 се ранети, пишуваат авганистанските медиуми.
Меѓу загинатите е и организаторот на натпреварот, како и заменик градоначалникот на градот Мехтарлам во провинцијата Лагман.
Моментално се утврдува кој би можел да биде одговорен за нападот, имајќи предвид дека талибанците соопштија дека не учествувале во организација на нападот.