Свет 13. јули 2018. / 16:00

Дали под Баварија има Вулкан?

Дали под Баварија има Вулкан?

Се почестите земјотреси во триаголникот на германските покраини Баварија и Саксонија и соседната Чешка, се повод геофизичарите да излезат во јавноста со прашање: Се буди ли вулкан под југот на Германија?

-Регистрираме зголемена активност, потврди Торстен Дам од германскиот Центар за гео- истражување во Потстадм за германскиот весник „Фраје прес“.

Според Дам земјотресите стануваат се посилни, а цикличноста им се намалува.

Пролетва се регистрирани повеќе од 1000 потреси,при што во поголем број од случаите станува збор за микропотреси, но една десетина од нив можела да се почувствува.

-Мислам дека го следиме будењето на еден вулкан, вели Дам, и дополнува дека на такво нешто укажуваат повеќе работи меѓу кои и фактот. дека Егерер басенот се полни резервоар со магма.

„Веќе три децении мерења во овој регион покажуваат растечки интензитет. Поради тоа што се работи за спори процеси тоа е релативно кратко време, објаснува Дам.

Овие тези тој ги поткрепува и со фактот дека активностите на тлото од 1997 година се повеќе се шират.

Со сензори на длабочина од 400 метри Дам и неговиот меѓународен тим сакаат да истражат што се случува под земјата.