Свет 08. декември 2019. / 10:30

Четворица загинати при оружен напад во близина на претседателската резиденција во Мексико

Четворица загинати при оружен напад во близина на претседателската резиденција во Мексико

Четири луѓе загинале, а две се повредени во оружен напад во близина на резиденцијата на претседателот на Мексико во историскиот центар на Мексико Сити, соопштија официјални претставници.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не се наоѓал во близина, затоа што вчера замина во посета на југоисточниот дел на земјата.

Полицијата на главниот град соопшти дека според првичните извештаи, вооружен маж влегол во една зграда во близина на националната палата, која секојдневно ја користат владини претставници и новинари.

Откако две лица во зградата го пресретнале, мажот извадил пиштол и почнал да пука, а кога стигнала полицијата забележала четворица луѓе со прострелни рани како лежат во дворот на зградата и потоа отвориле оган кон напаѓачот.

Заедно со напаѓачот биле убиени уште две лица, а еден од тројцата повредени починал на пат кон болница.

Повеќе од 100 полицајци пристигнале на местото на инцидентот и ги блокирале улиците околу резиденцијата.