Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара не направила никакви отстапувања на неодамнешниот самит на лидерите на НАТО и дека одобрувањето на Турција за издавањето на планот на НАТО за во Балтичкиот Регион зависи од признавањето на пактот за заканата од терористичката организација ЈПГ/ПКК од северна Сирија, јавува Агенцијата Анадолија (АА).
Тој рече и дека Турција набавила ракетни системи земја-воздух С-400 од Русија поради одбивањето на НАТО да им продаде слично вооружување.
–На Турција и требаат противвоздушни системи. Дали се обидовме да ги купиме од нашите сојузници? Да, се обидувавме во последните 10 години. Но не можевме да ги добиеме. Значи, тоа нема никаква врска со политика – изјави Чавушоглу.
Чавушоглу ги даде неговите изјави за време на посетата на Рим, каде што моментално се наоѓа за да присуствува на петтото издание на конференцијата „Медитерански дијалози“.