Спорт 27. ноември 2020. / 11:21

(Вознемирувачко) Гробар го отворил ковчегот и се сликал со Марадона – не ни помислил каква казна го очекува

(Вознемирувачко) Гробар го отворил ковчегот и се сликал со Марадона – не ни помислил каква казна го очекува

Да се има фотографија покрај мртвиот Диего Марадона е ексклузивна работа, не секој има можност за такво нешто, но кога тоа е злоупотреба на работното место, тогаш следува отказ. Ова му се случи на еден човек од компанија за погребални услуги.

Тој го отворил ковчегот, се сликал со мртвото тело на Марадона, и тоа со кренат палец нагоре, и уште се пофалил на социјалните мрежи.

Ваквиот однос на Диего Молина не му беше простен и доби отказ.

Фотографијата предизвика бес кај семејството на Марадона и кај фановите кои му се закануваат со смрт, а адвокатот на Марадона поднесе тужба, па ќе се оди и на суд.