Спорт

,,Во недела сме прваци” – порачаа утрово на владината седница премиерот и министрите облечени во фудбалски дресови (ФОТО)

,,Во недела сме прваци” – порачаа утрово на владината седница премиерот и министрите облечени во фудбалски дресови (ФОТО)

Откако Хрватска вчера се пласираше во финалето на СП во Русија и во недела ќе игра против Франција утрово Хрватите го дочекаа денот „ненаспани“.

Речиси ретко кој Хрват вчера заспа по историската победа на Хрватските фудбалери, а по тој повод утрово целата нација се уште е под еуфорија.

Еуфоријата утрово се чувствуваше и во Владата на Хрватска каде за време на владината седница министрите и премиерот биле облечени во фудбалски дресови.

-Во недела сме прваци!, порачаа од Владата преку својот Твитер профил.

 

Премиерот Андреј Пленковиќ пред почетокот на седницата упати честитки до репрезентацијата и до Златко Далиќ.