Откако Хрватска вчера се пласираше во финалето на СП во Русија и во недела ќе игра против Франција утрово Хрватите го дочекаа денот „ненаспани“.
Речиси ретко кој Хрват вчера заспа по историската победа на Хрватските фудбалери, а по тој повод утрово целата нација се уште е под еуфорија.
Еуфоријата утрово се чувствуваше и во Владата на Хрватска каде за време на владината седница министрите и премиерот биле облечени во фудбалски дресови.
-Во недела сме прваци!, порачаа од Владата преку својот Твитер профил.
PVRH @AndrejPlenkovic: Hrvatskoj nogometnoj reprezentaciji želimo uspjeh i pobjedu u finalu! pic.twitter.com/4nFGbFsa8W
— Vlada R. Hrvatske (@VladaRH) July 12, 2018
Премиерот Андреј Пленковиќ пред почетокот на седницата упати честитки до репрезентацијата и до Златко Далиќ.