Скопје 16. декември 2019. / 17:45

ВМРО-ДПМНЕ: Со Шилегов на чело Скопје стана најзагаден град во светот

ВМРО-ДПМНЕ: Со Шилегов на чело Скопје стана најзагаден град во светот

Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето. Шилегов е две ипол години градоначалник, а нема ниту еден проект за намалување на загадувањето, напротив тоа расте, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го обвинија скопскиот градоначалник дека со него на чело, Скопје стана најзагаден град во светот.

– Две ипол години поминаа од мандатот на Шилегов, а скопјани не видеа ниту еден негов проект од областа на животната средина. Единствена работа која ја направија е вадење на јавната администрација во сабота, да чисти и да врши работа која треба да ја вршат комуналните претпријатија секојдневно. СДСМ дојде на власт со ветувањето дека ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот, цел мандат им помина, а ништо не направија. Предоцна е веќе за делување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинските мерки и проекти, велат од партијата, следуваат по 12 април, кога СДСМ ќе си замине.