Скопје 09. октомври 2019. / 11:37

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов донесе одлука за нови вработувања на 423 партиски војници

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов донесе одлука за нови вработувања на 423 партиски војници

За еден месец Шилегов донесе одлуки за нови вработувања на 423 партиски војници и притоа бесрамно говори за стручна и ефикасна администрација, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека лее крокодилски солзи за Градската куќа и прави криминална зделка за нејзина продажба, не му е тешко да продолжи со узурпацијата и партиски да вработува. Имаме превработување и силување на институциите кои се туркаат кон пропаст. Како тргнал трендот на груба партизација, и две згради колку онаа на ЕСМ нема да бидат доволни да ја згрижат гломазната администрација на Шилегов. Додека краде не заборава и да узурпира. За само две седници на Советот на град Скопје, Петре Шилегов предложи и од владејачкото мнозинство доби одобрение за нови 423 вработувања, од кои 186 директни вработувања во градот Скопје на определено и неопределено време, 73 во Водовод, и околу 170 во ЈСП, пишува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ ниту е зголемен обемот на работа на градот и јавните претпријатија, ниту, пак, скопјани чувствуваат зголемен квалитет во добивањето услуги од градот Скопје.

Овие партиски вработувања се само згрижување партиски војници кои ќе бидат на товарот на град Скопје и скопјани. Информациите говорат дека над 1.000 луѓе се вработени за две години владеење на Петре Шилегов, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.