Скопје 27. јануари 2021. / 10:03

(ВИДЕО) Нелоски: Шилегов администрацијата ја зголемил за 30 до 40 отсто

(ВИДЕО) Нелоски: Шилегов администрацијата ја зголемил за 30 до 40 отсто

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Со него најмногу се зборуваше за локалните политики на територија на Град Скопје, но и за актуелната политичка ситуација во државата.

– Околу 135 нови вработувања Петре Шилегов само минатата година, администрација зголемена за 30 до 40 отсто, вели Нелоски.

Тој додава дека згоемената администрација не покажува ефект.

– Гледаме ангро на партиски вработувања кои се случуваат секојдневно, а ефиканоста на Град Скопје не се подобрува, додава Нелоски.

Нелоски смета дека некои луѓе се вработуваат затоа што лепеле плакати за некој од градоначалниците.

Со него се зборуваше и на други теми. Се зборуваше околу бетонизацијата во Скопје, околу кејот кој Шилегов ќе го направи како улица и слично. Целата емисија може да ја погледнете во продолжение.