Скопје 04. јануари 2019. / 19:24

(ВИДЕО) Град Скопје ги остави жителите на Сопиште затрупани во снег

(ВИДЕО) Град Скопје ги остави жителите на Сопиште затрупани во снег

Снегот како и минатата година и оваа ги изненади градските власти на Скопје, особено градоначалникот Петре Шилегов.

Вечерва жителите на скопско Сопиште преку социјалните мрежи бараат чистење на главниот пат за кој е надлежен градот Скопје.

Тие до нашата редакција испратија и видео на кое јасно се гледа дека власта не мрднала со прст, а снегот само се трупа.

Безбедноста на возачите и пешаците е загрозена, се жалат тие, погледнете.