Скопје 04. март 2021. / 20:25

Уште еден спорен тендер: Потрошени 100 милиони денари за одржување на зонскиот паркинг

Уште еден спорен тендер: Потрошени 100 милиони денари за одржување на зонскиот паркинг

Порталот „Курир“, пренесува дека јавното претпијатие Градски паркинг – Скопје за три претходни години, тековната 2021 година и дополнително за следната 2022 година направил набавки за фрапантни 99.120.000 милиони денари или 1.622.414 милиони евра за информатички услуги за одржување на зонскиот паркинг во градот.

Имено, ЈП Градски паркинг Скопје направило набавка за одржување на системот за зонско паркирање, во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас за фантастични 42.480.000 милиони денари или 689.336 илјади евра само за 24 месеци, говорат јавно достапните податоци од системот за јавни набавки.

Цената според договорите за набавка на овои тендери за споредба во 2018 година истиот тендер за одржување на системот за зонско паркирање за територија на град Скопје чинел 15.340.000 денари, во 2019 година истата услуга се зголемила за над 5 милиони денари, па чинела 20.060.000 милиони денари, а во 2020 година се зголемила за уште еден милион денари, па набавката чини 21.240.000 денари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.