Скопје 15. јули 2019. / 17:56

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром ја напуштија денешната седница во знак на протест

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром ја напуштија денешната седница во знак на протест

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Аеродром, денеска демонстративно ја напуштија седницата на Советот.

На денешната седница на дневен ред меѓу другите точки се и точките за зголемување на плата на вработените во градинките, значи на вработените воспитувачи и негователки.

Ова точка ние максимално ја поддржуваме и како советничка група ја поздравуваме, меѓутоа одговорноста за носење на тие одлуки е сепак на власта. Ние како советничка група денеска имаме морална одговорност да ја напуштиме работата на оваа седница бидејќи денеска власта со нејзините познати методи за прикривање на својата неспособност за реализирање на програмата што ја вети пред изборите премина кон нејзините стандардни методи за заплашување на опозицијата – истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Тој посочи дека во текот на денешниот ден бил приведен Дејан Митевски претседателот на Општински комитет на Аеродром.

Целата е многу јасна, а пораката е да се заплаши опозицијата во Аеродром како и претходните случаи со приведување, додава Антовски и вели дека тие како советничка група во знак на поддршка ќе ја напуштат седницата и нема да учествуваме во работата на Советот.