Мобинг, работа без заштита во време на пандемија, притисоци врз вработените, деградирање на „непослушните работници” се само дел од информациите кои секојдневно ги слушаат граѓаните за што се случува во ЈСП.
Директорот Кристијан Чушков освен што го бие лош глас како се однесува со вработените, денес тој и Петре Шилегов оставија илјадници вработени од ЈСП без плата.
Според кажувањата на вработените тие секогаш плата земале секој петти, но овој месец не се знае кога и дали плата ќе земат. Имено според доставените информации претпријатието нема пари и да исплати плати. ЈСП помош побарало од Владата и Град Скопје, но не добиле ништо.
„Ова е срамота, работиш цел месец за да не зедеш плата. Како ќе платам кредит, како ќе го прехранам моето семејство. Дали за тоа се грижат Чушков и Шилегов“, истакна еден од вработените.
Сега вработените и нивните семејства стравуваат како ќе го поминат месецот.
„Додека ние немаме за леб, тие се луксузираат секој ден. Претпријатието пропаѓа, а тие пијат луксузни пијалоци и се гоштеваат со наши пари“, рече револтирана вработена.
Освен што вработените од ЈСП се оставени сами на себе и тоа без плата и вработените пожарникари не добија униформа која им е потребна при работа. Шилегов секој ден ветуваше дека вработените во Пожарна ќе добијат се, бидејќи тие се браникот на граѓаните, тие го жртвуваат својот живот за Град Скопје.
„Знаеме дека на Бригадата за противпожарна заштита и е потребна нова и модерна опрема согласно со европските стандарди и заради тоа во континуитет вложуваме во истата“, изјави Петре Шилегов на Денот на пожарникарите.
Но пожарникарите освен што не добија соодветна опрема, не добија ниту покачување на плати, иако синдикатот на пожарникари го бараше.
„Градот, за жал, не е тој кој што ја определува висината на платата на пожарникарите и надоместокот кој што го добиваат. Тоа е нешто што го трансферираме до пожарникарите по пат на блок дотациите кои што ги добиваме од централната власт, како што е случај со негователките во градинка и наставниците, значи не е нешто што зависи од нашата одлука. Сепак, мораме да водиме сметка за буџетските биланси што ги имаме, што на Град Скопје, што на централно ниво“, рече Шилегов пред недела дена како одговор на барањето на синдикатот на пожарникари.
Очигледно дека вработените по претпријатијата ја почуствуваа неспособноста на градоначалникот на Град Скопје и неговите директори. Сиромаштијата ги погоди вработените од скопските претпријатија, додека тие немаат плати, не знаат како ќе се прехраната и како ќе платата сметки, градоначалникот и директорите се гоштеваат и луксузираат врз нивниот грб.