Скопје 09. ноември 2019. / 17:44

Протест против уништување на игралиште за да се изгради градинка во Аеродром

Протест против уништување на игралиште за да се изгради градинка во Аеродром

Учениците и родителите во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром денес протестираа против одлуката да се уништи игралиштето и на негово место да се изгради градинка.

Се апелираше до градоначалникот да ја почитува желата на жителите и да најде друга локација за градинка. Ова стои на фејсбук страницата Аеродром во моето срце на интернет.