Скопје 16. јануари 2020. / 12:52

Пазарџиите од зелениот пазар не попуштаат, од Богдановиќ бараат укинување на тарифата

Пазарџиите од зелениот пазар не попуштаат, од Богдановиќ бараат укинување на тарифата

Пазарџиите од „Зелен пазар“ во Скопје денеска излегоа на протестен марш, од пазарот пеш се упатија пред Општината Центар, со цел да го изразат својот револт поради зглемената цена на паркингот.

Ова следува откако Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ минатата недела донесе одлука со која од 8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Засилено полициско присуство пред Општина Центар

Од Јавното претпијатие појаснија дека поскапувањето на услугата е со цел да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Но, пазарџиите бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена што ја вовела општината, бројот на купувачите е намален.

И покрај ова барање на пазарџиите, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека тарифата нема да биде укината и најави поригорозни мерки, поради како што објаснува, поплаките на локалните жителите дека пазарџиите го зафаќаат паркинг просторот.