Скопје 01. јуни 2020. / 13:15

Град Скопје под „опсада“, Шилегов дели субвенции за велосипеди и тротинети

Град Скопје под „опсада“, Шилегов дели субвенции за велосипеди и тротинети

Град Скопје денес ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Поради тоа редица граѓани се собраа пред бараќите на Град Скопје, со цел да поднесат барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Од Град Скопје информираа дека и покрај големата редица за субвенции за велосипеди и електрични тротинети, се тече во најдобар ред.