Скопје 01. јануари 2019. / 13:17

(ФОТО) Шилегов, Филипче и Царовска го посетија првото новороденче во 2019 во Скопје

(ФОТО) Шилегов, Филипче и Царовска го посетија првото новороденче во 2019 во Скопје

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје го посетија првото бебе родено во 2019 година.

Првороденото бебе е машко и се роди рано утрово, една минута по полноќ во Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.

Машкото бебе е тешко 3,920 килограми, а долго 52 сантиметри.