Градоначалникот на Општина Центар Сашо Богдановиќ за „Република“ изјави дека во петок е договорена средба со родителите кои се пожалија на храната и добавувачот во „ОУ 11 Октомври“.
Како што вели Богдановиќ и порано имал средба со група родители и проблемот на кој тие се жалат времено бил решен.
Градоначалникот потенцира дека во најбрз можен рок ќе се најде решение, па и доколку се согласат родителите ќе се случи и раскинување на договорот со добавувачот. Бидејки како што вели тој родителите се тие кои го бираат добавувачот на храната во училиштата, менито го бираат тие, како и цената.
Според изјавата на Богданивиќ за „Република“ имало родители кои се задоволни од храната во „ОУ 11 Октомври“, но имало и група на родители кои не се задоволни и бара тоа да се реши. Тој вели дека за реакцијата на родителите разговарал и со фирмата добавувач. По средбата во петок Богдановиќ очекува да се донесе конечно решение на состојбата.