Познатата српска уметница Марина Абрамовиќ денеска беше нападната од маж, кој ја удирал по главата со слика, во дворот на музејот „Палацо Строци“ во Фиренца, а директорот на установата наведе дека уметницата не е повредена.
„Се е во ред“, напиша на Твитер директорот на музејот Артуро Галансино.
Италијанските медиуми наведуваат дека сликата, со дрвена рамка, е портрет на уметницата, насликана од страна на напаѓачот.
Полицијата го истражува инцидентот.
Инаку овој маж, чије име не се објавува, два пати се појавувал гол во јавност во Фиренца.