Бара старателство над ќерката, затоа што татко насилник и не може да биде добар татко.
Наташа Беквалац повеќе не сака да слушне за Лука Лазукиќ.
Пејачката на своите пријатели им рекла дека нејзиниот сопруг, со кој само пред два месеца добиле ќерка, е мртов за неа и се надева дека ќе заврши во затвор, поради физичкиот напад пред нивната двомесечна ќерка.
Пејачката инаку и понатаму е под голем стрес. Уплашена е и комуницира само со ќерката, сестрата и родителите. Не може да се смири и единствена утеха и се децата. Се обидува да ја заборави ноќта кога Лука изгубил контрола и физички ја нападнал откако му ги водела смс преписките со други жени.
Таа со модрици и отоци во саботата дала исказ на полицијата, а тоа ќе го направи и следната недела.
Беквалац не сака да се сретне со Лазукиќ од адвокатите бара по хитно постапка. Исклучиво бара старателство над ќерката, од причина што татко насилник и не може да биде добар пример за детето.Нејзиниот адвокат за Курир вели дека пејачката е уплашена и дека поради тоа ќе бара продолжена мерка за забрана на приближување од 48 часа на 30 дена како и притвор за Лука.