Регион 14. септември 2018. / 14:52

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер ова утро го погоди Тутин.

Според Републичкиот сеизмолошки институт во Србија, земјотресот е регистриран во 9,08 часот наутро во регионот на Тутин, со магнитуда од 3,1 единица според Рихтеровата скала.

Интензитетот во епицентарот е проценет на IV степен според Меркали.

Земјотресите од овој интензитет не можат да предизвикаат оштетување на објектите во епицентралниот регион.