Регион 08. април 2018. / 12:00

Земјотрес удри во северозападна Турција

Земјотрес удри во северозападна Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кусо време после полноќ во северозападна Турција, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот бил на околу 15 километри северно од градот Болу и на 147 километри северозападно од Анкара, на длабочина од два километри.

Нема информации за повредени и причинета материјална штета.