Регион 21. март 2020. / 14:50

Земјотрес почувствуван во југозападните делови од земјава

Земјотрес почувствуван во југозападните делови од земјава

Земјотрес со епицентар во Грција со локална Рихтерова магнитуда ML5.7, ноќеска во 01:49 часот беше почувствуван од населението во земјава особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, чија сеизмолошка мрежа го регистрирала земјотресот.

Како што информираат од Сеизмолошката лабараторија, епицентарот на земјотресот бил 300 километри јужно од Скопје, во соседна Република Грција.