Регион 04. ноември 2020. / 15:17

Заврши спасувачката акција во урнатините во Турција

Заврши спасувачката акција во урнатините во Турција

Турција денеска ја заврши спасувачката акција по силниот земјотрес, кој во петокот ги погоди Измир и грчкиот остров Самос, при што загинаа 116 лица.

– Спасувачките акции во 17 оштетени и урнати згради се завршени, а екипите ги расчистуваат урнатините, потврдија надлежните органи.

Во земјотресот загинаа 114 луѓе во Турција и двајца тинејџери на грчкиот остров Самос.

Во Измир се повредени 1.035 лица, а на болничко лекување се наоѓаат уште 137 луѓе.

Повеќе од 2.790 шатори се поставени како привремено засолниште за жртвите од земјотресот, а обезбедени се и 10.222 кревети.

Турските власти потврдија дека 22 брода потонале, 43 се насукале, од кои 40 биле извлечени од спасувачките екипи.

Земјотресот со интензитет од 6,6 степени е најсилниот регистриран во Турција во последните десет години.